| 03.12.2008 | 16:00 UTC
На аеродромите во Бангкок повторно се одвива сообраќајот
По одлуката на Уставниот суд на Тајланд за распуштање на владејачката партија во земјата, припадниците на опозицијата ја прекинаа повеќедневната блокада на двата аеродрома во главниот град Бангкок. На меѓународниот аеродром во Бангкок во меѓувреме слетаа првите патнички авиони. Редовниот сообраќај според властите треба повторно да биде воспоставен за еден до два дена. Поради протестите на аеродромите во Бангкок, повеќе од 230 илјади луѓе, главно странски туристи и деловни луѓе останаа заглавени во земјата. Вчера по објавувањето на одлуката на Уставниот суд, оспоруваниот премиер Сомчаи Вонгсават се повлече од функцијата.










